Сотирова-Бухова пред четири месеци најавила дека си оди од ДСЗИ, Владата нашла замена за утре да ја назначи

Од:

Покрај Арафат Муареми кој се повлече од директорската позиција во Финансиската полиција, Владата треба да и најде замена и на Иринка Сотирова-Бухова, директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). „А1он“ од извори во кадровската комисија на Владата, дознава дека Сотирова-Бухова, чиј мандат истече во месец април, најавила дека нема да се јави на новиот конкурс за директор на ДСЗИ, бидејќи кариерата планирала да ја продолжи на друга работна позиција. Овие информации се непотврдени, а за нив треба да се дискутира на утрешната владина седница.

„А1он“ праша и во Министерството за здравство дали имаат замена за Сотирова-Бухова со оглед дека пред четири месеци најавила дека нема да биде повторно кандидат за директорската позиција, но до овој момент не доби одговор. „А1он“ се обиде да стапи во контакт и со директорката, која не одговори на телефонските повици. Седницата на Владата е закажана за утре, кога ДСЗИ и Финансиската полиција треба да добијат вршители на должноста директор.

Неофицијално, извори од Владата за „А1он“ велат дека Сотирова-Бухова пред четири месеци најавила дека не сака повеќе да остане на функцијата. Оттаму велат дека повлекувањето е од приватни причини. „А1он“ праша го праша и министерот за здравство, Беким Сали, дали како предлагач на директор за ДСЗИ, има замена за Сотирова-Бухова, но досега нема одговор.

Инаку, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, беше еден од најзасегнатите од пандемијата предизвикана од коронавирусот. Стотици случаи на проблеми во здравството и постапување спротивно на прописите беше пријавувано токму во оваа институција. Претставките од граѓани беа проверувани, се посочуваа грешките, но се покренуваа и судски случаи каде Обвинителството на кривична одговорност повика неколку доктори поради постапување спротивно на законите.

Би можело да ве интересира

Се испитува смртта на 14-месечното бебе, инспектори на Детската клиника и болницата Козле

Комисија ќе утврдува дали имало грешки во лекувањето на бебето од Ресен кое почина по 30 часа од раѓањето

Катерина Ѓуровски

На Токсикологија работеле лица без договор за работа, Инспекторатот им забрани пристап до клиниката

A1on

Од понеделник Инспекторатот ќе изрекува забрани за прием на невакцинирани деца во градинките

A1on

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

A1on