А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Состојбите во земјоделството – како понатаму?

by А1он13/06/2015 - 11:2270
Share0

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ, одржа тематска Конференција на тема “Состојбите во земјоделството – како понатаму“, на којашто учествуваа претставници од повеќе општински организации на СДСМ.

Добивај вести на вибер

Се разговараше за клучните проблеми во земјоделството – неправедната распределба на државното земјоделско земјиште, за слабиот откуп на земјоделските производи, за користењето на субвенциите како уценувачки механизам иако тие им се загарантирани со закон на земјоделците, штетите од нередовната исплата, целосната зависност на земјоделците од државата – состојба во којашто се свесно ставени. Се анализираа лошите резултати во растителното и сточарското производство, проблемите со наводнувањето, бројните проблеми во шумарството. Посебно се разгледуваше неискористеноста на европските фондови во земјоделството, како и дисфункционалноста помеѓу примарното земјоделство и преработувачката индустрија.

Наспроти влошената состојба во земјоделството, се предлагаат решенија за настанатите проблеми со крајната цел – развој на земјоделското производство.

Констаирано е дека македонското земјоделство треба да ги користи искуствата на успешните европски земјоделски политики, прилагодени кон спецификите во Македонија и да се градат системски земјоделски политики што можат да дадат резултати во развојот на аграрот и враќање на достоинството на земјоделецот во Македонија.

Секое покрупно решение во земјоделството треба да биде дел на интегрираната економска политика на власт што ќе биде посветена на решавање на лошите состојби, а не на генерирање проблеми од популистички побуди, каков што е случатој последниве години во Македонија.

Ова е прв вид на ваква активност на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство да се дебатира и да се утврдуваат квалитетни предлог решенија на ниво на Конференција. Во наредниот период вакви тематски конференции Комисијата ќе одржи во повеќе градови низ Македонија.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Горан Наумовски19/03/2026 - 19:36

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 14:0617/03/2026 - 17:20

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 13:3017/03/2026 - 13:34

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 12:4317/03/2026 - 17:22

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 13:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен