Состојбата со водостоите и реките стабилна

Од:

Состојбата со водостоите и реките е стабилна, нема несакани појави, ниту проблеми со критичните места, информира Дирекцијата за заштита и спасување.

Умерено зголемено ниво на водата, според Дирекцијата, забележано  во Преспанско Езеро, покачен е водостојот на реката Црна кај Бучин, но без опасност од излевање.

Дирекцијата соопшти дека покачен водостој, без опасност од излевање има и кај вештачките акумулации Трстеник-1, Борино-1 и 3 и Крушевско езеро. Нивото на Охридското Езеро е 693,24 сантиметри, а максималното ниво е 693.75 сантиметри, односно половина метар под максималната точка.

Во Кумановскиот регион минатата ноќ паднале 5,7 литри на метар квадратен дожд, што според ДЗС не преставува поголема опасност за подигање на водостојот на реките.

– Потенцијална опасност претставуваат браните Глажња (капацитет 25.000.000 м3) и Липково, но и низ градот Куманово, до спојувањето со Којнарска река. Тие се блиску до прелив, па затоа Водостопанство „Кумановско и Липковски поле“, врши контролирано испуштање на водата, но истовремено и општина Куманово врши прочистување на критичните точки на реката, што негативно влијае врз можниот проток на испуштање на водата. Подрачното одделение во Куманово со години наназад укажува на оваа мерка испуштање на браните, усно и писмено со Водостопанство Куманово, соопшти ДЗС.

Би можело да ве интересира

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава