Состојба на патиштата

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Од 21.05.2018 година започнува изградбата на Експрес пат А4, Штип – Радовиш, на следниот потег: клучка Штип југ (Софилари) – Бучим (км5+000 до км 28+560) согласно Договор бр. 001-ЕБРД/17. Од АМСМ препорачуваат сите учесници во сообраќајот за внимателно движење на овој потег, прилагодување на брзината и почитување на поставената времена сообраќајна сигнализација поради започнувањето и преземањето на градежни активности.

На регионалниот пат Р-29274 (с. Лешок – с. Жилче – с. Шемшово) на потег од с. Ратае – с. Шемшово, секој работен ден и саботите, од 10.05.20118 до 31.05.2018 година, ЈП Македонијапат ќе изведува работи на пат (надоградба на коловозот). Ќе биде воспоставена забрана за сообраќај за тешки товарни возила додека останатиот сообраќај ќе се одвива по алтернативни патишта. На местата на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради градежни работи на регионалниот пат Р – 1312 Прилеп – Прилепско езеро, од 24.04.2018 во наредните 15 дена сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента, во должина од 4 км. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Вијадукт Треј известува дека од 25.04.2018 година, на Автопатот А1 (Е-75), на км 46+800,00, делница Велес – Катланово поради изведување на градежни активности на мост „(Б)В39“, сообраќајот ќе се одвива според утврден времен режим. Времениот режим ќе биде со времетраење од 15 дена.

Поради изведување градежни работи (асфалтирање) на регионалниот пат Р – 2336, с. Теово – с. Богомила, од 10.04.2018 во наредните 30 дена, сообраќајот ќе биде во прекин секој ден во период од 10:00 до 14:00 часот.

Поради градежни работи на регионалниот пат Р – 1101 на патен правец с. Крклино – Битола од 10.04.2018г. во наредните 30 дена сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

По изминување на зимската сезона за одржување продолжуваат градежните работи за рехабилитација на државниот пат А2 делница од Гостивар (мост кај село Здуње) до село Колари, како и санација на мостовите на истата делница во должина од 28,5 км.

Истовремено се изведуваат градежни работи на санација на мостовите на истиот државен пат. Во моментот се изведуваат градежни работи на мост Атанасова Река во должина од 110 м1. Сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента и истиот е регулиран со семафори. Вкупното времетраење на рехабилитацијата на сообраќајницата и мостовите е предвидено да трае 15 месеци односно завршувањето на градежните активности барем во овој момент е предвидено да завршат 2018 година во месец септември.

ДГ Бетон АД Скопје известува дека од 21.02.2018 ќе се започне со градежни активности за Рехабилитација на државниот пат Р1102, делница од Петровец до Катланово, во делот од натпатникот Коњари кон Катланово (стариот пат). За таа потреба, ќе биде воведена времена измена на режимот на сообраќајот и поставена соодветна сообраќајна сигнализација на истата делница.

ГП ИЛИНДЕН – Струга известува дека од 30.01.2018 год. на регионалниот патен правец Р – 1301 од Билјанини извори – населба Коњско ќе започне измената на режимот на сообраќај поради изведување на градежни работи на пат. На местата на градежните работи ќе биде поставена вертикална и хоризонтална сигнализација.

Од 08.12.2017 на државниот пат А2, делница Струга – граничен премин Ќафасан, започнува измената на режимот на сообраќај. која ќе трае до завршување на градежните работи. Проодноста ќе биде обележана со вертикална и хоризонтална сигнализација.

Од 15.11.2017 година започнаа градежни активности за изградба на клучката Ванчо Прќе на експресен пат А3, делница од Пробиштип до с. Крупиште на регионалниот пат P1205. За таа потреба воведена е времена измена на режим на сообраќајот и поставена е соодветна сообраќајна сигнализација на оваа делница.

Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај, на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Пресека – Песочани) на две точки на овој потез, од 2+397км до 3+910км, и од 7+060 км до 11+498 км, од 20.09.2017 е воведена времена измена на сообраќајот со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.

На патниот правец Демир Капија – Неготино, на делот од Неготино до м.в. Острово, сообраќајот се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4 км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.

ГД Гранит АД Скопје поради градежни активности на автопатот А1, Коридор 10 од 114+673 км. до 126+272 км. од 22.11.2016 воспостави времен режим на сообраќај на автопатот А1, Коридор 10 од клучка Неготино до клучка Демир Капија. Сообраќајот се одвива во насока од Скопје кон Гевгелија и Атина по регионалниот пат Р1102.

Друштвото „Алфалт“ ДООЕЛ Скопје, известува дека се изведуваат градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици Отовица и Сопот. Во периодот од 18.10.2017 год. до 18.06.2018 год. на магистралниот пат А1 на делницата Велес – Скопје во близина на наплатната станица Отовица и на делницата Скопје – Велес во близина на наплатната станица Сопот, се воведува времен режим на сообраќај и се предупредуваат возачите да пристапуваат внимателно.

Друштвото „Бетон АД Скопје“ известува дека од 26.10.2017 година, ќе се започне со градежни активности за Рехабилитација на државниот пат А4, делница од Кадино до Хиподром, од наплатна станица Петровец кон Хиподром. За таа потреба, ќе биде воведена времена измена на режимот на сообраќајот и поставена соодветна сообраќајна сигнализација на истата делница.

Друштвото „Бетон АД Скопје“ извести дека од 20.10.2017 год. започнaa градежни активности – реконструкција и рехабилитација на државниот пат А2 делница Сарај – Групчин. За таа потреба, ќе биде воведена времена измена на режим на сообраќајот.

На магистралниот пат А2 патен правец Кичево – Охрид (Пресека – Песочан ) од 3+300 км до 5+600 км од 21.12.2017 воведена е времена измена на сообраќај со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација.

На патниот правец Р 1308 Макази – г.п. Маркова Нога поради свлечиште кај м.в. Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Информации за движење низ ЈАСЕН

Патниот правец кој го поврзува градот Скопје со Македонски Брод:

Скопје кон Македонски Брод 06:30 – 09:00 часот и 16:00 – 18:00 часот

Македонски Брод кон Скопје 05:00 – 06:00 часот и 18:30 – 20:00 часот

Информации на тел: 02/ 3115-016 или е-mail: [email protected].

Информативен центар

(02) 15 555

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

Орце Костов

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот

Ана Ололовска