Состојба на патиштата

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Виадукт Трејд известува дека ќе се изведуваат градежни активности – електрично осветлување околу 6 месеци, на клучка Белви на автопат А2, Е65, делница Хиподром – Миладиновци.

На патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен на обиколницата кај Битола од превентивни причини сообраќајот се уште се пренасочува низ градот Битола.

На државниот пат А3(М5), делница Ресен – Битола во тек се завршните активности за рехабилитација на коловозот.

Од клучка Кажани до премин Ѓавато (пунктот на Македонија Пат), се работи на должина од 1,8 км, односно од паркингот кај чешмите до самиот премин. На оваа делница сообраќајот се одвива двонасочно, односно на едната половина на патот каде не се изведуваат градежни работи. Тука патот е широк 11 метри и оставена е една трака со ширина од 5,5 метри за одвивање на двонасочен сообраќај.

Илинден А.Д. Струга известува дека ќе има времена измена на режим на сообраќај на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Пресека – Песочани) од км.0+000(22+246) до км. 11+498. Режимот на сообраќај е предвиден со девијации, односно преминување од една на друга коловозна лента. Измената започна на 18.04.2017, а ќе трае до изградба на автопатот А2, делница Кичево – Охрид (Пресека – Песочани) од км.0+000(22+246) до км. 11+498.

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација.

Oд 19.04.2017 се изведуваат градежни активности на дел од магистрален пат А2, делница: Тетово – Гостивар, осветлување кај клучка Камењане.

ДГ Бетон АД известува дека поради изведбата на градежни работи на магистрален пат А4, Делница клучка Кадино-клучка Хиподром од км. 4+230 до км. 9+330 сообраќајот ќе се одвива согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај, почнувајќи од 03.04.2017 и во траење од 3 месеци.

На 07.03.2017 година започнаа да се изведуваат градежни активности и електромонтажни работи на дел од магистрален пат А2, делница Тетово – Скопје, клучка Сарај. Активностите се реализираат во период од 07:00 до 17:00 часот.

ДГ Бетон АД Скопје извести дека почнувајќи од 27.02.2017год., поради градежни работи на магистрален пат А2, Делница Гостивар – Кичево по раскрсница Маврово на патот кон Кичево, сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента (од км 98+100 до 98+900 односно околу 800м), согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај.

Градежната компанија Трансмет Доо Скопје изведува градежни работи за реконструкција на државен пат А2, делница: Обиколница Скопје, од клучка Сингелиќ до клучка Смилковци. Од 27.04.2016 е воведена промена на времена измена за режим на сообраќај согласно Одобрението од Министерство за транспорт и врски на Република Македонија на 26.04.2017 година.

ГД Гранит АД Скопје поради градежни активности на автопатот А1, Коридор 10 од 114+673 км. до 126+272 км. од 22.11.2016 воспостави времен режим на сообраќај на автопатот А1, Коридор 10 од клучка Неготино до клучка Демир Капија. Сообраќајот се одвива во насока од Скопје кон Гевгелија и Атина по регионалниот пат Р1102.

Градежно Друштво Гранит АД Скопје РЕ Свети Николе – Штип изведува градежни работи за градба на државниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од км 26+396,00 до км 47+107,00. Со почеток од 21.05.2015 целосно е затворена делницата од км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) и ова затворање ќе трае до целосно завршување на активностите (период од 2 години). Целокупниот сообраќај се пренасочува преку регионалниот пат P 1204.

Од 12.04.2017 има пренасочување на сообраќајот на делница Клучка кај село Кадрифаково од регионалниот пат Р526 на магистрален пат А3 и обратно до Клучка кај село Три чешми по ново изградената десна коловозна лента.

Патниот правец Р2137 Неготино – Војшанци поради санација на мостот на река Вардар е затворен за сообраќај. Сообраќајот се пренасочува преку патниот правец Р2137 Војшанци – Бистренци – Корешница – Демир Капија и обратно.

На 27.11.2016 година целосно е затворен за сообраќај регионалниот пат Р1309 с. Грдовци – с. Зрновци, поради рушење на мостот на река Брегалница и изградба на нов мост.

Работи на рехабилитација на државен пат А3(М5), делница Ресен – Битола:

Режимот на работа е поделен во 4 фази.

Првата фаза е пуштена во сообраќај (но не е изработена вертикалната сигнализација поради промена на основниот сообраќаен проект и затоа постојат знаци за работа на пат по трасата и знаци за општа опасност). Првата фаза е од бензинската пумпа на ЛУК ОИЛ Битола до петља кај с. Ротино и е долга 7 км.

Втората фаза е долга 4 км. oд петља Ротино до Петља Кажани. Во овој момент на фаза 2 се работи на гребење асфалт и извршено е асфалтирање на едната половина. Сообраќајот на оваа делница се одвива еднонасочно, односно при патување од Битола према Ресен се патува по стариот пат за Ресен (петља Ротино с. Кажани). При патување од Ресен према Битола сообраќајот се одвива по магистралниот пат по една коловозна трака, еднонасочно и наизменично во зависност на која трака се работат градежни активности.

Третата фаза е од петља Кажани до превој Ѓавато (пунктот на Македонија Пат). На оваа делница се работи на должина од 1,8 км), односно од паркингот кај чешмите до самиот превој. На оваа делница сообраќајот се одвива двонасочно односно на едната половина на патот каде не се изведуваат градежни работи. Тука патот е широк 11 м, оставена е една трака со ширина од 5,5 м за одвивање на двонасочен сообраќај.

Четвртата фаза од превoј Ѓавато до раскрсница Макази се одвива еднонасочно. При патување од Битола према Ресен се патува по една трака на патот што се реконструира и тоа по трака каде нема градежни активности. При патување од Ресен према Битола се патува по стариот пат Ресен – Битола до превојот Ѓавато.

Планирано е фаза 4 и фаза 2 (Ѓавато – Макази и Ѓавато – Кажани) да биде пуштена за сообраќај до 20.04.2017(комплет).

Фаза 3 да биде асфалтирана до 05.05.2017, а комплет пуштена во сообраќај до 15.05.2017. Kрајниот рок за завршување на градежните работи е 15.05.2017 година.

ДГ Бетон АД Скопје известува дека почнувајќи од 27.02.2017 год., поради градежни работи на магистрален пат А2, Делница Гостивар – Кичево после раскрсница Маврово на патот кон Кичево, сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента (од км 98+100 до 98+900 односно околу 800м), согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај.

Градежно Друштво Гранит АД Скопје РЕ Свети Николе -Штип известува дека изведува градежните работи за градба на Магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до км47+107,00.

Од 21.05.2015 е целосно затворена до целосно завршување на активностите (период од 2 години) за сообраќај на Делницата на потегот км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) со пренасочување на целокупниот сообраќај преку Регионален пат P 1204.

АМСМ предупредува возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

Информации за движење на патниот правец низ Јасен од 1 Октомври 2016 година: Скопје кон Македонски Брод 07:30 – 08:30 часот и 14:30 – 15:30 часот Македонски Брод кон Скопје 06:00 – 07:00 часот и 16:00 – 17:00 часот. Информации на тел: 02/ 3115-016 или е-mail: [email protected].

Служба за помош и информации на пат (02) 15 555.

Би можело да ве интересира

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска