Состојба на патиштата

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Градежно друштво „Гранит“ АД Скопје известува дека ги изведува градежните работи за градба на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип. Со почеток од 12.04.2017 (среда) од 14 часот се планира пренасочување на сообраќај на делница клучка кај село Кадрифаково од регионалниот пат Р526 на магистрален пат А3 и обратно до Клучка кај село Три Чешми по новоизградената коловозна лента.

ДГ Бетон АД известува дека поради изведбата на градежни работи на магистрален пат А4, Делница клучка Кадино-клучка Хиподром од км. 4+230 до км. 9+330 сообраќајот ќе се одвива согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај, почнувајќи од 03.04.2017 и во траење од 3 месеци. Се известуваат сите учесници на сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација за времен режим и да се придржуваат кон условите на патот.

На државниот пат А3(М5), делница Ресен – Битола во тек се работи на рехабилитација на коловозот.
Делницата Ѓавато – Макази од 02.04.2017 има сообраќаен режим со еднонасочно движење, односно при патување од Битола кон Ресен се патува по една коловозна лента на патот што се реконструира и по лента каде нема градежни активности. При патување од Ресен кон Битола се патува по стариот пат Ресен – Битола до преминот Ѓавато. За оваа делница планирано е комплетно завршување на градежните работи и пуштање во нормален сообраќај до 20.04.2017.

-На 07.03.2017 година започнаа да се изведуваат градежни активности и електромонтажни работи на дел од магистрален пат А2, делница: Обиколница кон Тетово, осветлување клучка Сарај. Активностите се реализираат во период од 07.00 до 17.00 часот. Потребна е зголемена внимателност и придржување кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

– ДГ Бетон АД Скопје известува дека почнувајќи од 27.02.2017 година, поради градежни работи на магистрален пат А2, Делница Гостивар-Кичево, по раскрсница Маврово на патот кон Кичево, сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента (од км 98+100 до 98+900 односно околу 800м), согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај.
Се известуваат сите учесници на сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација за времен режим и да се придржуваат кон условите на патот.

-Патниот правец Р2137 Неготино – Војшанци поради санација на мостот на река Вардар е затворен за сообраќај. Сообраќајот се пренасочува преку патниот правец Р2137 Војшанци – Бистренци – Корешница – Демир Капија и обратно.

– ГД Гранит АД Скопје поради градежни активности на автопатот А1, коридор 10 од 114+673 км. до 126+272 км. од 22.11.2016 (вторник) е воспоставен времен режим на сообраќај на автопатот А1, коридор 10 од клучка Неготино до клучка Демир Капија. Сообраќајот се одвива во насока од Скопје кон Гевгелија и Атина по регионалниот пат Р1102.

– Од 03.12.2016 година извршена е измена на режимот на сообраќај на делница автопат Куманово-Скопје од 29+600 до 30+772 километар, населба Миладиновци. Затворена е за сообраќај лентата за застанување каде се одвиваат градежни работи, а сообраќајот се одвива по брзата и средната лента.

– Градежната компанија Трансмет ДОО Скопје изведува градежни работи на државен пат А-2 Обиколница Скопје, од клучка Сингелиќ до клучка Смилковци. Од 02.12.2016 е воведена времена измена за режим на сообраќај, согласно Одобрение број 22.2-72149/2, со датум 18.11.2016 година, издадено од Министерството за транспорт и врски на РМ, односно сообраќајот се одвива по левата коловозна лента /правец клучка Сингелиќ-клучка Стајковци/ во двата правци, а десната коловозна лента е затворена за сообраќај заради изведување градежни работи.

Градежно Друштво “Гранит” АД Скопје РЕ Свети Николе – Штип изведува градежни работи за градба на државниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од км 26+396,00 до км 47+107,00. Со почеток од 21.05.2015 целосно е затворена делницата од км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) и ова затворање ќе трае до целосно завршување на активностите (период од 2 години). Целокупниот сообраќај се пренасочува преку регионалниот пат П 1204. Сите активности се во согласност со Одобрението за времен режим на собраќај бр.1005 од 28.мај.2014 година издадено од Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија

Со почеток од 12,04,2017 (среда ) од 14 часот, се планира пренасочување на сообраќајот на делница Клучка кај село Кадрифаково од регионалниот пат Р526 на магистрален пат А3 и обратно до Клучка кај село Три чешми по ново изградената десна коловозна лента.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сообраќајот сепак се пренасочува преку градот Битола. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Регионалниот пат Р-2332 патен правец Ресен – Охрид (преку национален парк Галичица) од 15.11.2016 е затворен за сообраќај. Од охридската страна возилата со вкупна тежина до 3,5 тони можат да сообраќаат само до месноста “Корита”.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува за македонската страна на премините.

Радмила Пешко
ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР
Тел. (02)15-555

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот

Ана Ололовска