Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините. На граничниот премин Богородица има задржување за патнички возила до 30 минути
На сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2017 година.
Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен, преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сообраќајот сеуште се пренасочува преку градот Битола.
Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација.
РАБОТИ НА ПАТ:
ДГ Бетон АД Скопје извести дека почнувајќи од 27.02.2017год., поради градежни работи на магистрален пат А2, Делница Гостивар-Кичево по раскрсница Маврово на патот кон Кичево, сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента (од км 98+100 до 98+900 односно околу 800м), согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај.
Се известуваат сите учесници на сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација за времен режим и да се придржуваат кон условите на патот.
Градежната компанија Трансмет Доо Скопје изведува градежни работи за реконструкција на државен пат А2, делница: Обиколница Скопје, од клучка Сингелиќ до клучка Смилковци. Од 02.12.2016 година е воведена времена измена на режим на сообраќај, согласно Одобрение број 22.2-72149/2 со датум 18.11.2016 година, издадено од Министерството за транспорт и врски на РМ, односно сообраќајот се одвива по левата коловозна лента /правец клучка Сингелиќ-клучка Стајковци/ во двата правци а десната коловозна лента е затворена за сообраќај заради изведување градежни работи.
ГД Гранит АД Скопје поради градежни активности на автопатот А1, коридор 10 од 114+673 км. до 126+272 км. од 22.11.2016 (вторник) воспостави времен режим на сообраќај на автопатот А1, коридор 10 од клучка Неготино до клучка Демир Капија. Сообраќајот ке се одвива во насока од Скопје кон Гевгелија и Атина по регионалниот пат Р1102.
Од 20.06.2016 година е воспоставена времена измена на режим на сообраќај на магистрален пат А3, делница клучка кај с.Кадрифаково – клучка кај с.Три Чешми. Пренасочувањето на сообраќајот е по регионалниот пат Р526.
Градежно Друштво “Гранит” АД Скопје РЕ Свети Николе – Штип изведува градежни работи за градба на државниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од км 26+396,00 до км 47+107,00. Со почеток од 21.05.2015 целосно е затворена делницата од км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) и ова затворање ќе трае до целосно завршување на активностите (период од 2 години). Целокупниот сообраќај се пренасочува преку регионалниот пат P 1204. Сите активности се во согласност со Одобрението за времен режим на собраќај бр.1005 од 28.мај.2014 година издадено од Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија .
Патниот правец Р2137 Неготино – Војшанци поради санација на мостот на река Вардар е затворен за сообраќај. Сообраќајот се пренасочува преку патниот правец Р2137 Војшанци – Бистренци – Корешница – Демир Капија и обратно.
На 27.11.2016 година во 11:30 часот целосно е затворен за сообраќај регионалниот пат Р1309 с.Грдовци-с.Зрновци, поради рушење на мостот на река Брегалница и изградба на нов мост.
Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.