Состојба на патиштата

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Магливо со врнежи од слаб дожд има на планинскиот превој Ѓавато.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

ДГ Бетон АД Скопје извести дека почнувајќи од денеска, 27.02.2017 година, поради градежни работи на магистралниот пат А2, делница Гостивар – Кичево по раскрсница Маврово на патот кон Кичево, сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента (од км 98+100 до 98+900, односно околу 800м), согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај. Поставена е сообраќајна сигнализација.

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента, поставена e соодветна сигнализација.

Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сообраќајот се уште се пренасочува преку градот Битола.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Времето на чекање на патнички возила за излез од Република Македонија на граничните премини Богородица, Дојран, Меџитлија, Табановце, Ќафасан, Делчево, Ново Село и Блаце е минимално, додека на Деве Баир се чека 30 минути. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози