Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои по суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
– ГД Гранит АД Скопје поради градежни активности на автопатот А1, коридор 10 од 114+673 км. до 126+272 км. од 22.11.2016 (вторник) ќе воспостави времен режим на сообраќај на автопатот А1, коридор 10 од клучка Неготино до клучка Демир Капија. Сообраќајот ке се одвива во насока од Скопје кон Гевгелија и Атина по регионалниот пат Р1102.
– Од 03.12.2016 година извршена е измена на режимот на сообраќај на делница автопат Куманово-Скопје од 29+600 до 30+772 километар, населба Миладиновци. Затворена е за сообраќај лентата за застанување каде се одвиваат градежни работи, а сообраќајот се одвива по брзата и средната лента
– Градежната компанија Трансмет ДОО Скопје изведува градежни работи на државен пат А-2 Обиколница на Скопје од клучка Сингелиќ до клучка Смилковци со почеток од 02.12.2016 се воведува времена измена за режим на сообраќај, , согласно Одобрение број 22.2-72149/2 со датум 18.11.2016 година издадено од Министерството за транспорт и врски на РМ, односно сообраќајот се одвива по левата коловозна лента /правец клучка Сингелиќ-клучка Стајковци/ во двата правци а десната коловозна лента е затворена за сообраќај заради изведување градежни работи.
– Од градежната фирма Гранит известуваат дека на ден 20.06.2016 година (Понеделник) со почеток во 12:00 часот ќе се воспостави времена измена на режим на сообраќај на магистрален пат А3, делница клучка кај с.Кадрифаково – клучка кај с.Три Чешми. Пренасочувањето на сообраќајот е по регионалниот пат Р526.
– Согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај издадено од Министерството за транспорт и врски, од 14.12.2015 год., 11-уп-134/4, на магистрален пат А3б/А4е, делница Кадрифаково – Штип, од км. 217+818 до км. 219+918, од 15.01.2016 година од 08:00 – 16:00 часот ПРО ГЕО ДОО КУМАНОВО се вршат геодетски мерења согласно добиените дозволи. Имено, се врши геодетско снимање на асфалтниот дел од трупот на патот на потегот од клучка Штип до с. Три Чешми. Сообраќајот во моментот на мерењето се одвива согласно Сообраќаен проект за времено одвивање на сообраќајот и со соодветна сообраќајна сигнализација.
– Градежното Друштво “Гранит” АД Скопје (Р.Е. Свети Николе – Штип) изведува градежни работи на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до 47+107,00 км. Се планира целосното затворање до целосно завршување на активностите (период од 2 години) на делницата, на потег км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково), со пренасочување на сообраќајот преку регионалниот пат П 1204.
– Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим и тоа:
– од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,
– и од с.Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.
Се предупредуваат возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.
Регионалниот пат Р-2332 патен правец Ресен – Охрид (преку национален парк Галичица) од 15.11.2016 до 01.04.2017 е затворен за сообраќај. Од охридската страна возилата со вкупна тежина до 3,5 тони можат да се обраќаат само до месноста “Корита”.
На 27.11.2016 година во 11:30 часот целосно е затворен за сообраќај регионалниот пат Р1309 с.Грдовци-с.Зрновци, поради рушење на мостот на река Брегалница и изградба на нов мост.
Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2017 година.