Состојба на патиштата

Од:

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози. На регионалниот пат Р-1108 Гевгелија – Смрдлива Вода ски-центар Кожуф 2+350 км поради стеснување на коритото на Коњска река за изградба на ХЕЦ и надојдени големи количества на вода однесена е една коловозна лента од патот во должина од 15–20 метри. Екипите на ЈП Македонијапат со градежна механизација ги расчистуваат наносите и е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Се препорачува внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

На регионалниот пат Р-2137 пред населено место Војшанци, поради деформации на мостот (за возила со вкупна маса над 5тона) сообраќајот ќе се пренасочува преку мост на река Вардар, врска А1 со Р-2137 (Д. Капија – Корешница – Војшанци).

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани – Делчево и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.

На патниот правец А1 автопат Велес – Скопје пред наплатната станица Отовица ќе се извршуваат градежни работи на пат – изградба на краци за приклучување и исклучување на автопатот. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и се препорачува крајно внимателно управување со возилата, почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

АД Гранит известува дека поради продолжување на градежните работи на делот од трасата на патниот правец А3 Битола – Макази и добиеното одобрение за времена измена на режимот на сообраќајот, пренасочувањето на сообраќајот од бензинската пумпа на Лукоил до клучката за с. Ротино и понатаму продолжува со важност.

Според сообраќајниот проект тех.бр.155/2015 за времена измена на сообраќајот на патен правец Скопје – Миладиновци – Куманово сообраќајот ќе се одвива (десно после наплатна станица Миладиновци) преку автопатот Куманово – Велес се до клучката кај аеродромот Александар Велики до приклучокот на автопат Велес – Куманово.

Согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај издадено од Министерството за транспорт и врски, од 14.12.2015 год., 11-уп-134/4, на магистрален пат A3б/A4е, делница Кадрифаково – Штип, од км. 217+818 до км. 219+918, од 15.01.2016 година од 08:00 – 16:00 часот ПРО ГЕО ДОО КУМАНОВО ќе врши геодетски мерења согласно добиените дозволи. Имено ќе се врши геодетско снимање на асфалтниот дел од трупот на патот на потегот од клучка Штип до с. Три Чешми. Сообраќајот во моментот на мерењето ќе се одвива согласно Сообраќаен проект за времено одвивање на сообраќајот и со соодветна сообраќајна сигнализација.

За потребите за изработка на  проектната документација за реконструкција и рехабилитација на државниот пат А2 делница Крива Паланка – Деве Баир (граница со Р. Бугарија) ќе се започне со преземање активности, односно геодетско снимање на потегот 5 км пред граничен премин Деве Баир (на коловозот со три ленти), кои ќе се изведуваат во период од 16.05.2016 до 15.06.2016 во временски период од 07:00 – 17:00 часот.

Во текот на извршување на работите сообраќајот ќе се одвива непречено.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска