А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Состојба на патиштата

by А1он07/09/2015 - 08:0407/09/2015 - 09:4990
Share0

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози.

Добивај вести на вибер

Согласно Одобрението 11-уп-87/4 од Министерство за транспорт и врски од 03.09.2015г. и известувањето од Мануфактура продукција известуваме дека за потребите за снимање на филм се воведува времена измена на режим на сообраќај на Делница 3 Автопат 2, кл.„Хиподром“ – кл.„Сарај“ (Скопска обиколница) за период на следниве датуми: 07.09.; 08.09.; 09.09.; 10.09.; 11.09.; 14.09.; 15.09.; 16.09.; 17.09.; 18.09.; 21.09.; 22.09.; 23.09.; 24.09.; 25.09.; и 28.09.2015 година од 07:00 до 19:00 часот за секој од наведените датуми.

Од АД Гранит известуваат дека поради изведување на градежни работи од 01.09.2015 до 30.11.2015 државниот пат А3 делница Битола – Макази, фаза 1-ва од клучката кај бензинската Лукоил до клучката за с. Ротино, ќе биде затворена за сообраќај, а сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат Битола – Ресен. Пренасочувањето ќе биде обележано со соодветни сообраќајни знаци, согласно на Основниот сообраќаен проект за времен режим на сообраќај.

Градежното Друштво “Гранит” АД Скопје (Р.Е. Свети Николе – Штип) изведува градежни работи на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до 47+107,00 км. Сообраќајот е целосно затворен до целосно завршување на активностите (период од 2 години) на делницата, на потег км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково), со пренасочување на сообраќајот преку регионалниот пат P 1204.

Поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа:

– од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,

– од с. Лозово преку с. Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Служба за помош и информации на пат (02) 15 555.

patista

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Горан Наумовски02/12/2025 - 10:52

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он21/10/2025 - 16:4021/10/2025 - 16:24

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски01/09/2025 - 14:57

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Предраг Петровиќ31/08/2025 - 12:14

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Горан Наумовски01/06/2025 - 09:00

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

Горан Наумовски14/01/2024 - 08:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен