Попладне прекин на сообраќајот на патот Кичево – село Извор

Од:

Денес, 30.04.2015, помеѓу 15:00 и 16:00 часот, на патниот правец М4 Кичево – с. Извор ќе се изведуваат градежни работи (минирање). Сообраќајот ќе биде во прекин од 10 до 15 минути.

Поради појава на свлечиште на патниот правец А3 Прилеп – Ресен, на обиколницата на Битола, сообраќајот е се уште во прекин. Возилата се пренасочуваат низ градот Битола.

Според информацијата од ЈП за државни патишта, на клучките Петровец и Катланово е во функција нов режим на сообраќај. Измените во рамките на сообраќајот се следни:

1. Клучка Петровец:

– Исклучувањето и приклучување на автопатот А4 кон и од Петровец, на патниот правец Скопје – Велес, се врши пред наплатна станица Петровец.

– Исклучувањето и приклучувањето на автопатот А4 кон и од Петровец, на патниот правец Велес – Скопје, се врши после наплатна станица Петровец.

2. Клучка Катланово:

– Исклучувањето од автопатот А1 кон Катланово, на патниот правец Скопје – Велес, се врши по постоечкиот крак за исклучување. Приклучувањето на автопатот А1 од Катланово кон Велес се забранува, односно се затвара кракот за приклучување на автопатот А1, во правец кон Велес.

– Исклучувањето од автопатот А1, од Велес кон Катланово, на патниот правец Велес – Скопје, се забранува, односно се затвара кракот за Катланово. Приклучувањето кон автопатот А1, од Катланово кон Скопје, се врши по постоечкиот крак за приклучување.

Се известуваат корисниците на автопатот дека сите возила кои поминуваат низ наплатна станица Петровец треба да плаќаат патарина, освен возилата кои се ослободени од плаќање патарина согласно Законот за јавните патишта.

Возилата кои нема да платат патарина ќе бидат третирани како возила кои одбиле да платат патарина и за нив ќе бидат применети казнените одредби од Законот за јавните патишта.

На патниот правец Р-1107 Прилеп – Витолиште, стационажа 35-ти километар, поради свлечиште на патот сообраќајот се одвива отежнато.

На патниот правец Р-1303 Прилеп – Македонски Брод, на 27-ми километар, поради слегнување на асфалтот на патот сообраќајот се одвива отежнато. Поставена е соодветна патна сигнализација.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

АД Бетон на 16.04.2015 започна со изведување на градежни работи за санација на свлечиште Маврово, кај делницата од брана Маврово до с. Маврово. Патниот правец е затворен за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси во период од два месеца.

Сообраќајот за патничките возила се одвива по постоечка девијација, согласно сообраќајниот проект за времен режим на сообраќај, одобрен од Министерството за транспорт и врски.

Сообраќајот за тешки товарни возила и автобуси може да се одвива преку с. Леуново.

Според известувањето од ИРД ЕНГИНЕЕРИНГ од вчера започнати се градежни работи на мостот А1-41Л (мост над реката Пчиња во Катланово), на автопатот А1 (Е75), делница Велес -Катланово, на стационажа 43 + 151, вклучувајќи и должина од околу 250 метри пред и по мостот. Сообраќајот се одвива по една лента, регулирано со ново поставена сигнализација. Планирано е работите на овој мост да траат околу 4 месеци.

Според известувањето од ИРД Енгинееринг, од 18-ти март 2015 година, започнати се градежни работи на мостот А1-43Л (пред тунелот во Катланово), на автопатот А1 (Е75), делница Велес – Катланово, на стационажа 46 + 934, вклучувајќи должина од околу 250 метри, пред и по мостот. Сообраќајот се одвива по една лента, регулирано со ново поставена сигнализација. Планирано е работите да траат 3 и пол месеци.

Од ГЕИНГ известуваат дека за потребите за изработка на проектна документација за рехабилитација на државен пат А-3, делница Превалец (Кочани) – Делчево, од 12.01.2015 год. започнати се активности на патот, односно геодетско снимање и геотехнички истражни работи и истите се очекува да бидат со времетраење од 5 месеци (до 12.06.2015 год.). Работите се изведуваат во временски период од 06:00 до 19:00 часот.

Поради изведување работи на пат (гребење на асфалт) на патниот правец Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Според известувањето од ИРД Енгинееринг од 10-ти февруари 2015 година, започнати се работи на мостот А1-69Л, на автопатот А1 (Е75), делница Велес – Катланово, на стационажа 63 + 556, вклучувајќи и должина од околу 250 метри пред и по 250 мостот. Сообраќајот се одвива по една лента и возачите се молат да внимаваат на ново поставената сигнализација. Планирано е работите да траат 3,5 месеци.

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа:

– од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово, и
– од с. Лозово преку с. Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

Учесниците во сообраќајот треба да се придржуваат на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација се до завршување на градежните активности.

На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Служба за помош и информации на пат (02) 15 555.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска