Состанок за препораките на ГРЕКО во Министерството за правда

Од:

Во Министерството за правда денеска се одржа координативен состанок во врска со реализацијата на препораките на Групата на држави против корупција – ГРЕКО на Совет на Европа од Четвртиот круг на евалуација, на тема: „Спречување на корупцијата кај членовите на Собранието, судиите и јавните обвинители“.

– Учесниците на состанокот информираа за преземените активности за понатамошна реализација на препораките за кои ГРЕКО, во Првиот Извештај за усогласеност за Република Македонија – Четврт круг, заклучи дека се нереализирани и делумно реализирани. Со оглед на фактот дека ГРЕКО, со споменатиот извештај, го утврди 31 јануари 2017 година како краен рок за реализација на препораките, беа разменети и информации за состојбата и плановите на институциите во претстојниот период во оваа насока, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Министерот Саљији на средбата ја истакнал својата заложба за реализација на препораките на ова тело кои се во доменот на Министерството и истакнал дека тие се веќе предвидени во програмата за работа на институцијата. Воедно ги повика и останатите надлежни институции да преземат мерки со цел за реализација на препораките кои се од нивна надлежност во рамките на предвидениот рок.

На состанокот, како што соопшти Министерството за правда, покрај министерот за правда, Билен Саљији, присуствуваа Анета Арнаудовска, шеф на Делегацијата на РМ во ГРЕКО, претседателите на Судскиот совет, на Здружението на судии, на Здружението на јавни обвинители, на Државната комисија за спречување на корупција, претставник на Собранието на РМ и претставници на надлежните сектори од Министерството за правда.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

Орце Костов

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

Орце Костов