Состанок во Министерството за правда за Старегијата за реформи во правосудството

Од:

Во Министерството за правда се одржа координативен состанок со сите засегнати институции, организации и здруженија во врска со стратегијата за реформа во правосудниот сектор.

Како што соопшти Министерството за правда, на состанокот, покрај министерот за правда Билен Саљији, обраќање имале и заменикот на министерот за правда Оливер Ристовски, како и претседателот на работната група за изготвување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор Ана Павловска-Данева.

– Министерот имаше кратко излагање за Планот 3-6-9 на Владата на Република Македонија во насока на спроведување на „Итните реформски приоритети“. Тој истакна дека Министерство за правда е главен носител на реформите во правосудството, но заедно со сите чинители на правосудниот систем, стои во соопштението.

Целта на оваа средба, се наведува, е активно вклучување и учество на сите чинители во правосудството во процесот на изготвување на стратегијата. Присутните биле информирани дека во рамките на Министерството за правда е формирана работна група за изготвување на стратегијата за реформа на правосудниот сектор со акциски план.

По отворената расправа и дискусија на сите учесници на состанокот министерот Саљији ги повикал присутните да дадат конструктивен придонес во реформата, на начин што сите свои забелешки, сугестии, истражувања, мислења и ставови да ги достават до работната група за изготвување на стратегијата во Министерството за правда.

– Министерот го истакна своето очекување за успешна соработка и успешен исход на сите чинители во правосудниот сектор, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

Орце Костов

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

Орце Костов