А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Состанок на Работната група за проверка на Избирачкиот список

by А1он27/06/2013 - 16:25105
Share0

Работната група за проверка на Избирачкиот список денеска во Државната изборна комисија ја договори динамиката на ажурирањето и стручната помош од ОБСЕ за ревизија на списокот. Од МВР се очекуваат податоци за околу 10.000 гласачи на кои до Локалните избори им истекол рокот на важење на биометриските исправи.

Добивај вести на вибер

Од денот на распишувањето на Локалните избори во јануари до 21 април МВР, како што информира претставникот Надица Велевска, на 53.029 граѓани им издало биометриски лични исправи.

Од нив 3.600 се за лица кои станале полнолетни до денот на изборите. Во анализата стои податокот дека во моментот на распишување на изборите 118.711 лица биле со стари лични исправи, а на 10.600 им истекувала важноста на биометриските документи.

Претседателот на работната група Бедредин Ибраими смета дека било добро што на лицата со стари исправи не им било дозволено гласање, а немало ни реакции, но побара дополнително објаснување за оние десет илјади.

Според претставникот на ЕУ во Скопје Скозуба многу е важно да се продолжи со активностите за ажурирање на списокот и методологијата за негова надворешна проверка.

– Бидејќи ревизијата на избирачкиот список е спомената во високо пристапниот дијалог, ние ја поддржуваме соработката меѓу вашата институција и ОБСЕ и многу е битно да постои политички дијалог во спроведувањето, наведе Скозуба.

Од ОБСЕ ја потврдија добрата соработка со македонските изборни органи. Активностите одат во правец на разговори и средби со органите и партиите, како и ангажирање експерт со меѓународно искуство кој ќе изработи предлог методологија за ажурирање на списокот двапати годишно.
Работната група за проверка на избирачкиот список договореното ќе го потврди со соодветен протокол за соработка, а доаѓањето на експертот е најавено за наесен.

izbori

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Горан Наумовски01/04/2026 - 11:55

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски30/03/2026 - 07:1930/03/2026 - 09:21

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Горан Наумовски23/03/2026 - 14:26

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски23/03/2026 - 07:3123/03/2026 - 07:31

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Горан Наумовски08/02/2026 - 13:50

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Горан Наумовски07/02/2026 - 21:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто