Состанок на Работната група за измена на Изборниот законик

Од:

Работната група за измена на Изборниот законик, по заклучок на Управувачкиот комитет за изборни реформи, денеска одржа состанок на кој се расправаше за утврдување на динамиката за работа на работната група, како и за исполнување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

Како што се наведува во соопштението од Министерството за правда, Работната група ќе одржува состаноци еднаш неделно, согласно заклучокот на Управувачкиот комитет, според кој до крајот на јуни 2013 година потребно е да се реализираат итните активности, а до крајот на септември и краткорочните активности.

Исто така Работната група заклучи дека е потребно да се разгледаат и новите препораки на ОБСЕ/ОДИХР кои дополнително ќе бидат доставени и да бидат составен дел на препораките.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија