Состанок на претставниците на членките и набљудувачите на САД-Јадранската Повелба во рамките на претседавањето на Црна Гора со А5 групата за 2018

Од:

Денес, во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, се одржа состанок на претставниците надлежни за односи со јавност во Министерствата за надворешни работи и Министерствата за одбрана на земјите-членки на САД-Јадранската Повелба (САД, Република Македонија, Република Хрватска, Република Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина), на кој учествуваа и земјите-набљудувачи (Република Словенија и Република Косово).

Состанокот се одржа во рамките на претседавањето на Црна Гора со САД-Јадранската Повелба за 2018 година, а беше ко-организиран од Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана на Република Македонија, со поддршка на прес-службата на Владата на Република Македонија.

Состанокот, кој тематски беше посветен на „Предизвиците во стратешките комуникации на лицата одговорни за односи со јавност во европскиот и евро-атлантскиот интегративен процес“, беше искористен за размена на мислења, ставови и искуства во контекст на согледување на предизвиците, со посебен акцент на европските и евро-атлантските интегративни процеси на земјите од регионот.

Во оваа прилика учесниците имаа можност да го посетат и PARC центарот, единствениот НАТО-сертифициран центар за обука за односи со јавност, кој се наоѓа во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија