Состанок на Попоски и Канческа Милевска со шефовите на ДКП

Од:

Во попладневниот дел од денешниот работен состанок со шефовите на Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија, покрај министерот за надворешни работи Никола Попоски учествуваше и министерот за култура Елизабета Канческа Милевска.

Тема на дискусијата, соопшти денеска МНР, беа досега преземените заеднички активности за што поуспешна промоција на културата и културните вредности од нашата земја.

Беа разменети искуствата од организирањето на бројни културни манифестации кои се реализирале во различни земји и со голем успех ја претставиле македонската култура, а се зборуваше и за некои значајни проекти кои треба да се реализираат во наредниот период.

Би можело да ве интересира

А1 Македонија партнер на 26. Скопје филм фестивал

Ново издание на месечните „Кино средби“ на Францускиот институт Скопје во Кинотеката

МНР реагира за Михаилова: Владеењето на правото не смее да биде селективно

Горан Наумовски

Македонските автори и книги пред светската издавачка јавност во Франкфурт

„Точка нула“ од Артем Чех во „Матица“: Кога пишувањето станува наредба

Јован Јосифовски е добитник на Наградата ДЕНЕС 2026