Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија – ЕУ

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Стразбур ќе учествува на состанокот на делегацијата на Европскиот парламент во Мешовитиот парламентарен комитет Македонија – Европска Унија.

На состанокот, со кој ќе претседава словенечкиот европратеник Алојз Петерле, во присуство на известителот за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл и претставник од Европската комисија, се очекува да бидат разменети мислења за актуелната политичка ситуација во Република Македонија, како и за актуелни прашања поврзани со европскиот интегративен процес.

Планирано е Попоски да оствари средби со генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, како и со неколку членови на Европскиот парламент.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија