Состанок на градоначалникот Митровски со директорите на основните училишта

Од:

Информации за уписот во прво одделение, кој е во тек и подготвеноста на училиштата за екстерното тестирање беа дел од темите на состанокот на градоначалникот на Ѓорче Петров Сокол Митровски и директорите на основните училишта во општината.

На состанокот, како што соопшти општина Ѓорче Петров, се разговараше и за промоција на средното училиште „Кочо Рацин“ и начините како да се мотивираат учениците од општинските основни училишта за упис во ова средно училиште зад кое стои стручен тим и квалитетен кадар, кое покрај гимназиско образование нуди и текстилно-кожарска струка и уметничко образование.

Директорите информирале за текот на уписите во прво одделение и за видовите на настава како класична, целодневна и дневен престој. Тие ја истакнале одличната подготвеност на училиштата за спроведување на екстерното тестирање.

Општина Ѓорче Петров информира дека во тек е конкурсот за доделување награди, дипломи и пофалници на учениците и просветните работници во основните училишта за учебната 2016/17 година. Конкурсот ќе биде објавен на огласна табла во секое од училиштата.

Градоначалникот Митровски на состанокот, како што се наведува, упати апел до директорите строго да се запазува реонизацијата бидејќи секое училиште нуди исти услови за реализација на воспитно-образовниот процес и затоа првачињата ќе мора да бидат запишани во училиштето кое е најблизу до местото на живеење и кое припаѓа на територијата веќе утврдена со општинската регионална поделба.

Би можело да ве интересира

Скопјанка пријавила обид за киднапирање, жена се обидела да ја грабне ќерка и

Министерството за транспорт и врски со реакција на прес-конференцијата на Град Скопје

Предраг Петровиќ

Блокиран сообраќајот на улицата „Ѓорче Петров“ за излез и влез во Скопје

(ВИДЕО) Стојковска: Парк или депонија во Ѓорче, потенцијална еколошка закана по здравјето на луѓето?

Ана Ололовска

Стојкоски: Нови инфраструктурни проекти до крајот на летото во Општина Ѓорче Петров

Ана Ололовска

Започна решавањето на проблемот со бездомните кучиња во Ѓорче Петров

Ана Ололовска