Состанок меѓу Македонија и Комитетот на регионите на Европската унија

Од:

Во организација на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) и Министерството за локална самоуправа денеска во Охрид ќе започне 12. состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Комитетот на регионите на Европската унија (ЗКК).

Ова тело има за цел да оствари поблиска соработка на локалните власти од Македонија со Европската унија, преку Комитетот на региони.

Состанокот, како што е најавено, ќе го отвори градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, а ќе се обратат и претседателот на ЗЕЛС, Коце Трајановски и заменик министерот за локална самоуправа Љупчо Пренџов. На состанокот ќе се обратат и двајцата ко-претседавачи на ЗКК, Ивица Коневски, градоначалник на општина Аеродром и Жан- Франсоа Истас, општински советник на Вервие (Белгија).

Учесниците ќе разговараат за статусот на процесот на проширување и вклучување на локалните власти каде излагање ќе има шефот на Делегацијата на Европската унија Аиво Орав, а гардоначалникот на Гевгелија Иван Франгов и државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Анастасија Илиеска ќе говорат за предизвиците и состојбите во земјава предизвикани од бегалската криза.

На состанокот ќе се дебатира и за фискалната децентрализација, област во која искуства ќе пренесат претставници од Европската унија, а за искуствата на локалните власти во Македонија ќе говори градоначалникот на општина Боговиње, Хазби Идризи.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Владата спроведува партиски реваншизам кон општините во минатите две години

Претседателот на ЗЕЛС со повик до институциите на централната власт да се справат со дојавите за бомби

ЗЕЛС: Досега, речиси половина од општините обезбедија 14 милиони денари парична донација за настраданите во Турција и Сирија

Ана Ололовска

Арсовска разрешена од претседателската функција во ЗЕЛС, на нејзино место назначен е Орце Ѓорѓиевски

Кристијан Ландов

ЗЕЛС итно бара состанок со Владата со цел решавање на проблемите со енергетската криза

Ана Ололовска

ЗЕЛС ќе бара итен состанок со Владата