„Соседска патрола“ низ општина Кисела Вода

Од:

Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ заедно со претставници на општинската администрација, месните заедници, директори на градинки и училишта и претставници од Полициската станица Кисела Вода и Одделението за превенција од криминал при СВР Скопје ноќеска извршија обиколка на повеќе воспитно-образовни објекти, паркови и игралишта каде во ноќните часови се собираат малолетници кои консумираат алкохол и остануваат до раните утрински часови.

Како што соопшти Општина Кисела Вода, тие ги посетиле дворовите на ОУ „Круме Кепески“, градинките „Расадник“ и „Пржино“ при „8 Март“, парковите „Македонија“ и „Шопен“, неколку напуштени објекти и игралишта…

Со лицата кои биле затекнати е разговарано и им се објаснети законските правила и прописи, со цел едукација и подигање на свеста за превенција од ситуации кои можат да доведат до посериозни нарушувања на јавниот ред и мир и безбедноста на жителите на ова подрачје.

Заедничките полициски патроли меѓу полициските службеници и единиците на локалната самоуправа кои се дел од стратешката рамка за обезбедување поволни безбедносни услови за живеење на сите жители на општина Кисела Вода, се наведува во соопштението, ќе продолжат и во наредниот период.

Дополнително, во тимовите ќе бидат вклучени и родители на кои ваквите акции треба да им обезбедат информација каде се движат и што прават нивните малолетни деца во текот на вечерните излегувања и дали има потреба од дополнителна комуникација меѓу нив во однос на укажаната доверба.

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски