Соседска патрола низ Аеродром за поголема безбедност

Од:

Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, како и претставници на Полициската станица од Аеродром, Одделението за превенција при СВР-Скопје, и жители од тој дел на градот синоќа беа во обиколка на повеќе локации низ општината, каде што претходно беа евидентирани зачестени нарушувања на јавниот ред.

– Екипите посетија повеќе паркови, воспитно-образовни објекти и игралишта во населбите Стар Аеродром, Јане Сандански и Ново Лисиче, а активностите се спроведуваат во рамките на проектот „Соседска патрола“, велат од Општина Аеродром.

Посочуваат дека, со лицата, кои ги затекнале на посетените локации, претставниците дискутирале за законските правила и прописи за превенција од ситуации кои можат да доведат до посериозни нарушувања на јавниот ред и мир и безбедноста на жителите на ова подрачје.

Проектот „Соседска патрола“ го спроведува Министерството за внатрешни работи, преку СВР-Скопје заедно со локалната самоуправа.

Целта е да се зголеми сигурноста и безбедноста на граѓаните во нивните населени места.

Во наредниот период почнуваат подготовките за втора фаза на проектот, кој ќе опфати воспоставување редовни активности за зголемување на безбедноста на територијата на Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

35-годишен маж од Аеродром бил истепан од сопругата

Горан Наумовски

Пожар во Аеродром, повреден е газдата на станот и неговиот син

Тројца тешко повредени во вчерашната сообраќајка во Аеродром

ВИДЕО: Пожар изби во напуштена барака во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром

Дечко и девојка се истепале пред кафеана во Аеродром