Сореца со порака до Скопје и Тирана: Ве молам не се откажувајте

Од:

Амбасадорот на делегацијата на Европската Унија во Албанија, Луиџи Сореца, реагираше по негативната одлука за отворање на преговори за Албанија и Северна Македонија со ЕУ.

Преку пост на„ Твитер“, Сореца ги повикува двете земји да не се откажуваат од преговорите бидејќи ќе дојде денот кога ќе станат членки на ЕУ.

– Северна Македонија и Албанија не се виновни за ова… Денес би сакал да испратам порака до нашите пријатели: Ве молам, не се откажувајте… Јас апсолутно не се сомневам дека еден ден ќе станете полноправени членки на ЕУ, пишува Сореца.

За доцна попладнево најавена е прес-конференција на албанскиот премиер Еди Рама и овластениот министер за Европа и надворешни работи, Генц Цакај.

Би можело да ве интересира

Мема: Урсула фон дер Лајен се обидува да ја претвори ЕУ во Четвртиот Рајх

Европската Унија го укина роамингот за Украина и Молдавија

Медведев: Украинскиот народ стана „топовско месо“ за европската цивилизација

Медиуми: Европа го изневери Киев со својата одлука за рускиот имот

Горан Наумовски

Орбан: Успеавме да ја спречиме ЕУ да ѝ објави војна на Русија

ЕУ со најголема побарувачка за кадар во продажба, маркетинг и производство