Соработка во намалувањето на ризиците од катастрофи меѓу ЦУК и јапонската агенција ЈИЦА

Од:

Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија-JICA денеска потпишаа заеднички документ како основа за импементација на Проектот за градење капацитети за намалување ризици од катастрофи во областа на животната средина (ECO DRR) преку одржливо управување со шумите.

Како што информира ЦУК, основната цел на овој проект е да се развие модел на екосистемски базирано намалување на ризиците од катастрофи (Eco-system based Disaster Risk Reduction – ECO-DRR) во Република Македонија против природни непогоди, преку употреба на повеќекорисничката функција на шумите, односно зајакнување на нивната заштитна вредност. Крајната цел на проектот е долгорочно да се намалат ризиците од поројни поплави, лизгање на земјиштето, ерозија на почвата и шумските пожари.

– Потпишувањето на главниот проектен документ овозможува во наредниот период од страна на JICA да се пристапи кон подетална анализа и верификација на предложените проектни активности, со цел нивно прифаќање и кон крајот на оваа година започнување со имплементација на проектот. Како основа за утврдување на потребата од ваква проектна интервенција, претставуваа анализите на зачестените ризици од катастрофи, кои во последните години предизвикаа загуби на човечки животи, оштетувања на материјални добра, инфраструктура, како и голем степен на деградација на животната средина (екологијата), информира ЦУК.

Покрај другото, наведува Центарот, причините за овие катастрофи се поврзани со недоволна искористенот на заштитните функции на екосистемот, пред се на шумите, кои во подолг период се изложени на загуби и штети, предизвикани од шумски пожари, неконтролирани активности на човекот, загаденоста на животната средина и слично.

Во процесот на имплементација на проектните активности се предвидува широка меѓусекторска соработка и вклученост на повеќе субјекти, како Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЈП Македонски шуми, Министерството за животна средина и просторно планирање, високонаучни и образовни установи, единици на локалната самоуправа, локалната заедница и други.

– Во рамките на овој проект ќе бидат спроведени конкретни мерки за зајакнување на екосистемот на повеќе локации во Република Македонија, со крајна цел да се зголеми нивната отпорност на ризиците од катастрофи поврзани со поројни поплави, лизгање на земјиште, ерозија на почви и пожари на отворен простор. Проектот ќе овозможи присуство и можност за соработка со експерти од Јапонија од наведените области, со што ќе се обезбедат основи за трансфер на знаења и искуства од земја која е лидер во светот во оваа област, каде преку системски мерки се намалува ранливоста и изложеноста на ризици од катастрофи, наведува ЦУК во соопштението.

Со денешното потпишување на заедничкиот документ, додава ЦУК, практично се обезбедува основа за продолжување на успешната соработка помеѓу Центарот за управување со кризи и JICA, која започна во 2011 година преку имплементацијата на проектот за воспоставување интегриран систем за превенција и рано предупредување за шумски пожари.

Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) е јапонска владина агенција надлежна за имплементација на Официјалната развојна помош преку програмите на техничка соработка, поволни заеми и грантови. Покрај проектите од областа на намалувањето на ризици од катастрофи, JICA досега во Македонија има имплементирано проекти во областите од развојот на инфраструктурата, на животната средина, зајакнување на управувачките капацитети и развојот на приватниот сектор.

Би можело да ве интересира

Возило излетало на железничка пруга, повредени се две лица кои ги извлекувале пожарникари

A1on

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

Змии во населени места – Што да прават граѓаните ако наидат или бидат каснати од змија совети од ЦУК

(ВИДЕО) Падна потпорниот ѕид кај Детската клиника – никој не го санирал две години

Анита Петровска Рајковиќ

Пријави за змии во дворови на болница и факултет, од ЦУК апелираат на внимателност

Орце Костов

Извлечено тело на старец од Тополка, бил пријавен за исчезнат