Соработка на ФЕИТ со лидерот за мрежна безбедност Palo Alto Networks

Од:

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) стана дел од академската мрежа на светскиот лидер во областа на мрежната безбедност – Palo Alto Networks. Со тоа, велат од ФЕИТ, на студентите на факултетот, поконкретно на модулот Телекомуникации и информациско инженерство (ТКИИ), ќе им се овозможи запознавање и практична работа со опремата на Palo Alto Networks и нивно сертифицирање во областа на мрежна безбедност.

– Во рамки на лабораториските вежби од модулот, студентите бесплатно ќе добијат виртуелен пристап до лабораториите на Palo Alto Networks каде ќе можат практично да работат на конфигурирање на мрежна опрема. Обезбедени се и електронски и видео материјали за обука. Сето ова е во согласност со последните напори на ФЕИТ да го зголеми практичното знаење на студентите и да им овозможи допир со практични проблеми во текот на студирањето релевантни на пазарот на труд. Студентите кои ќе работат на опремата на Palo Alto Networks ќе бидат охрабрувани да полагаат курсеви од Palo Alto (понудени бесплатно за нив) со што би се сертифицирале во доменот на мрежно администрирање и специфично мрежна безбедност, изјави Владимир Атанасовски, продекан за финансии на Факултетот за електротехника и информациски технологии и контакт лице за Академијата.

Според Атанасовски, со овој чекор студентите на модулот ТКИИ, по нивното дипломирање, ќе имаат големо практично искуство и многу полесно би се вклопиле во работата на било која компанија како мрежни администратори.

Би можело да ве интересира

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

Божиновска на средба со студенти од ФЕИТ по повод Денот на чистата енергија

А1он

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија