Соработка и партнерство на АРМ и оружените сили на Полска

Од:

Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски во рамки на дводневната официјална посета на Генералштабот на оружените сили на Република Полска денеска имаше средба со својот домаќин, генерал-потполковник Рејмунд Андржејчак.

– На средбата помеѓу началниците на генералштабовите се разговараше за досегашната воена соработка, која главно се состоеше од учество на заеднички вежбовни активности во организација на НАТО, полските искуства од интеграциските процеси, како и за можностите за унапредување на воената соработка, соопшти Министерството за одбрана.

Ѓурчиновски на средбата упати благодарност за континуираната поддршка во досегашниот интеграциски процес за зачленување на земјата во Алијансата, изразувајќи надеж дека таа ќе биде продолжена како партнерство и сојузништво со можност за интензивирање на соработката и помош во процесите за интеграција и подобрување на достигнатите НАТО-стандарди, особено во областа на специјалните операции.

– Генералите Ѓурчиновски и Андржејчак како можни области за понатамошна соработка ги посочија заедничките настапи и обука со полските специјални сили, школување во воено образовните установи, продолжување на соработката во рамките на ЕУБГ, соработка на воените академии и можност за обука на припадници на полските оружени сили на Армискиот полигон „Криволак“, наведува Министерството за одбрана.

За време на престојот во Варшава генералот Ѓурчиновски ќе оствари средба и со државниот секретар во Министерството за одбрана, а македонската воена делегација утре ќе ја посети командата на полските специјални сили во Гливице.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација