Сопругата на Камчев сведочи за „Рекет“

Од:

Ана Камчева се појави како сведок во Кривичниот суд за случајот „Рекет“, откако во петокот сведочеше нејзиниот сопруг, бизнисменот Орце Камчев.

Пред судот денеска треба да се појави и сметководителката на Камчев, која им ги дала парите на Бојан Јовановски и на Зоран Милески Кичеец.

На последното рочиште, што се одржа на 6-ти декември, Орце Камчев сведочеше дека во повеќе наврати обвинетиот Боки 13 пробал да го уценува со, според него, наместен предмет „Империја“ покренат од Специјалното јавно обвинителство, кој имал цел на нелегален начин да се стекне со поголема сума пари.

Камчев зборуваше и во името на својата сопруга Ана, за која рече дека имала неколку средби со Боки 13 и Зоран Милески кои и барале пари за тој да излезе од притвор.

„Во населбата Орман Бојан организира состанок и ја вика Ана, во декември… И во станот е Катица. Катица и упатува директна закана дека ќе отвори уште 3-4 предмети против мене ако не платиме. Откако Ана излегла од станот, на вратата чекал нов клиент – Дејан Панделески, исто како на пазар!“, рече тој.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти овој месец, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец беше осуден на три години затвор откако призна вина за случајот и предметот за него беше одвоен од оној против Јовановски и Јанева. Милески има право на жалба до Апелацискиот суд само во делот на висината на казната.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Јовановски, Јанева и Милевски.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во рамките на случајот „Рекет“, Обвинителството отвори нова истрага, која се однесува на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски-Боки 13. Истрагата за „Рекет“ е проширена, односно е донесена наредба за спроведување истражна постапка против пет физички лица и едно правно лице, поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил продолжено кривично дело „измама“ и кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов