Сообраќајот во зимски услови, снег на патот Тетово – Попова Шапка, Гостивар – Стража и Страцин

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани и застои, во зимски услови,по влажни коловози. Снег провејува на патните правци Тетово-Попова Шапка, Гостивар-Стража и Страцин, кој во мометов не се задржува на коловозот.

Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај.

Од ЈП Македонијапат информираат дека е намалена видливост поради магла до 50 метри во Крушево и Плетвар.

Додаваат дека со целокупната расположива механизација и работна сила ЈП Македонијапат е вклучена во расчистување на патиштата.

На одредени патни правци кои поминуваaт низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат, подвлекуваат, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Би можело да ве интересира

УХМР најавува обилни локални врнежи и снег на повисоките места

Горан Наумовски

Зимски услови на патиштата: магла на патот Тетово–Скопје, снег на Попова Шапка и на Пресека

Отежнат сообраќај на Плетвар и кај Крушево поради магла и снег

Денеска променливо облачно со локален дожд, а на планините снег

Слаб снег на Попова Шапка, во Маврово и Крушево

А1он

Најмалку педесетина жртви низ САД во зимскaтa бурa што ја погодија земјата