Сообраќајот во зимски услови, остатоци од кашест снег на коловозите

Од:

Врнежи од слаб снег има во Куманово, Струмица, Петровец и на планинскиот превој Ѓавато. На коловозите низ патиштата во државата има остатоци од кашест снег поради што се апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Јавното претпријатие „Македонијапат“ информира дека нивните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Од 9:45 часот е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, а од 09:50 часот и на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека.

Патниот правец Македонски Брод – с.Здуње, на кој гравитираат 11 села, сеуште е непроден за секаков вид сообраќај.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози