Сообраќајот во зимски услови, на патиштата остатоци од кашест снег

Од:

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива тековно во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на екипите на Македонија пат.

Слаб снег провејува на планинскиот превој Буково, а намалена видливост поради појава на магла од 100-120 метри има на планинскиот превој Плетвар.

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар е укината во 10:00 часот.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово–Дебар-Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и приспособување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на Македонија пат се на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Би можело да ве интересира

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on