Сообраќајот во зимски услови, магла кај Велес, Катланово и Тетово

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози. Појава на магла со видливост од 50 до 100 метри има на патниот правец Велес-Катланово и Тетово.

На скопскиот аеродром „Александар Велики“ се реализирани предвидените полетувања и слетувања со исклучок за летот од и за Истанбул, покажуваат податоците од интернет страницата на концесионерот на аеродромите ТАВ Македонија.

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози