А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Сообраќајот во Македонија се одвива без забрани по влажни коловози

by А1он24/04/2014 - 08:22111
Share0

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по влажни коловози.

Добивај вести на вибер

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

За изработка на проектна документација за изградба на нова наплатна станица „Градско” на патниот правец А1, делница Велес – Градско, од денес 23.04.2014 се изведуваат геотехнички истражни работи, за што се воведува изменет режим на сообраќај. Се поставува соодветна вертикална сигнализација за времен режим на сообраќај за работа на пат и ги молиме возачите да ја почитуваат истата. Времетраењето на времената измена ќе биде седум дена, односно од 23.04.2014 до 30.04.2014 год. Теренските истраги ќе се изведуваат во временски период од 07:00 до 18:00 часот.

Поради вршење на градежни работи за реконструкција и санација на мост на река Брегалница кај селото Долни Балван, Општина Карбинци, се забранува сообраќајот во двата правци по локалниот пат село Долни Балван – село Таринци во период од 14.01.2014 година до завршување на реконструкцијата на мостот на река Брегалница.

Од 01.04.2014 година воведени се нови термини за насоката на движење на патниот правец кој го поврзува Скопје со Македонски брод низ НП Јасен. Во правец од Скопје кон Македонски брод сообраќајот се одвива од 6:30 до 9:00 и од 16:00 до 18:00, а во правец од Македонски Брод кон Скопје сообраќајот се одвива од 5:00 до 6:00 и од 18:30 до 20:00.

Патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево е отворен за сообраќај. Потсетуваме дека на овој патен правец, од клучката Трпејца до зимскиот центар Отешево во двата правца, дозволен е сообраќај само за патнички возила и минибуси со вкупна маса до 3,5 тони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ УСЛУГИ – Служба за помош и информации на пат (02) 15 555

patista

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Горан Наумовски01/06/2025 - 09:00

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

Горан Наумовски14/01/2024 - 08:29

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on18/10/2023 - 12:00

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска16/06/2023 - 21:55

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска16/06/2023 - 21:46

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот

Ана Ололовска16/06/2023 - 15:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен