Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
На патниот правец Кичево – Охрид кај село Врбјани, на ден во вторник поради работи на пат (минирање) во период помеѓу 12 и 15 часот, сообраќајот ќе биде во прекин 10 – 15 минути.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.