Сообраќајот умерен, нема подолги задржувања на граничните премини

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонската страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Регионалниот пат Р-2332 Ресен – Охрид (преку Галичица) е отворен за сообраќај. Препорака до возачите да пристапуваат внимателно на овој патен правец поради можната појава на помали одрони.

РАБОТИ НА ПАТ:

ЈП Македонијапат известува дека од 29.05.2021, на регионалниот пат Р – 29275 крак Тетово – крак Попова Шапка и крак Шипковица – Бродец – Вешала, поради изведување градежни работи (асфалтирање), во наредните 30 дена сообраќајот ќе биде во прекин од 08:30 до 16:30 часот секој ден, освен во недели и празнични денови. На местото на работите е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

ЈП Македонијапат подружница Велес известува дека ќе изведува градежни работи (надоградба и поправки) на коловозот на регионалниот пат Р – 1103 патен правец Кавадарци – Дреново од 26.05.2021 г. во наредните 30 дена. На местото на работите е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

ДГТ Жикол ги известува сите возачи дека заради изведување на градежни работи на патниот правец Миладиновци – Свети Николе – Штип, односно на делниците Кадрифаково и Преод, заради изградба на наплатните станици од 06.05.2021 г. сообраќајот се одвива согласно одобрениот времен режим.

ЕСКАВАТОРИ-МК ДООЕЛ СКОПЈЕ известува дека од 21.04.2021 година, почната е рехабилитација на државен пат А2, делница: Куманово – Страцин дел 1: од KM 0+000.00 до KM 15+195,85.

На магистралниот пат А3 правец Ресен – Охрид почнувајќи од 1.4.2021 г. (четврток) пред влезот во Охрид, се изведуваат градежни работи. На местото на изведувањето на работите поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Дтг Жикол Дооел Струмица ги известува сите возачи дека поради рехабилитација на мост број 3 на регионален пат Р1103, делница Лакавица – Неготино, 2-ра фаза, од 24.03.2021 се забранува движење за сите видови на возила, односно целосно е затворен сообраќајот на овој патен правец во времетраење од 5 месеци.

ДГ Бетон АД – Скопје известува дека се изведуваат градежни работи за рехабилитација со проширување на Државен пат А1, делница Петровец – Катланово (лев и десен коловоз), односно од км. 37+046.94 до км. 41+798.92 во правец од Петровец кон Катланово и од 23+271.08 до 28+460.76 во правец од Катланово кон Петровец. На местото на изведување на градежните работи се одвива времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој. Препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Работите за наведениот проект предвидени се да завршат на 31.07.2021.

ДПУТУ „Ве-Група” Дооел известува дека од 01.02.2021 г. започна изведување на градежни активности за реконструкција на регионалниот пат п1206 делница Карпалак – Желино од км. 0+000 до км. 12+185. Активностите ке се одвиваат од 07:00 ч. до 17:00 ч. секој ден. На местото на изведување на работите е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради изведување работи на пат на магистралниот пат А2 Струга – г. п. Ќафасан (од бензинска пумпа ОКТА до влез во с. Радолишта) брзината е ограничена на 40 км/ч. На местото на изведување на работите е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Г.П. Викторија Инвест известува дека на 30.10.2020 г., започна со изведување на градежни работи на патниот правец А2 Кичево – Охрид, поточно на делницата помеѓу с. Климештани – с. Мешеишта, каде има изменет времен режим на сообраќајот. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Овој изменет режим на сообраќај ќе трае до завршување на градежните работи.

Г.П Илинден – Струга известува дека од 30.10.2020 г. на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, кај с. Врбјани започна со изведување на градежни работи на пат (асфалтирање на риголи), каде има изменет времен режим на сообраќајот. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Од 28.09.2020 г. ГД Гранит започна со изведба на рехабилитација на регионалниот пат Р1303, секција Кичево – Македонски Брод, во вкупна должина од 26 км. Рокот за завршување на објектот е 31.07.2021 година. Ќе се изведуваат делница по делница во должина од 1 км. Сообраќајот при изведување на работите ќе се одвива по една сообраќајна лента, и ќе се регулира со пропуштање на возила координирано со знаменца.

Од 21.09.2020 се изведуваат градежни активности при рехабилитација на државен пат Р1202 (Р409), делница Маврови Анови – Жировница, односно од Маврови Анови до с. Трница, за што се врши промена на режимот на сообраќај.

Од 21.08.2020 година, ГД Гранит АД Скопје започна рехабилитација и реконструкција на регионален пат Р1205, делница Крупиште – Пробиштип. Поради тоа се врши измена на режимот на сообраќај, од крстосница со регионален пат Р2230, до влез во Пробиштип. Односно сообраќајот се пренасочува од мостот на р.Киселица кај клучка за с. Злетово, преку с. Ратавица до Пробиштип и обратно. Од особена важност е ова преносочување да го почитуваат возачите на тешки товарни возила кои транзитираат по овој пат. Одобрението е со важност од шест месеци, односно до комплетирање на сите работи.

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време на реконструкција и рехабилитација на државен пат А2, делница Крива Паланка – ГП Деве Баир во период од 11.05.2020 г. до 02.2022 г. со основниот проект за изведба се предвидува стругање и асфалтирање на постоечкиот коловоз како и проширување т.е изработка на трета лента на постоечкиот пат. Од 08.10.2020 г. е интензивирана работата на пат на оваа делница заради што апелираме за зголемена внимателност, прилагодување на брзината и почитување на сообраќајната сигнализација.

Во текот на работното време регулирањето се изведува со работници, а по завршувањето на работното време, регулирањето се врши со светлосна сигнализација – семафори (од Крива Паланка кон Граничен премин Деве Баир).

Викториа Инвест ДОО Елбасан Подружница Скопје изведува градежни работи на автопат Кичево – Охрид, делница 4 и 5. На делница 5 Подмоље – Охрид км.5+861 до км.9+835 има измена на режим на сообраќај соодветно обележано со сообраќајни знаци. Измената започна на 20.03.2020 г. и ќе трае до завршување на работите поради кои е утврдена потребата од измената.

Штрабаг АГ известува дека на магистрален пат, делница А4 Штип – Радовиш на стационажа км 4+040 се одвиваат градежни активности, сообраќајот се одвива по девијации и е регулиран со привремена сигнализација односно семафори.

Би можело да ве интересира

На делницата Пресека – село Врбјани утре прекин во сообраќајот поради минирање

Ана Ололовска

Се поправа патот Куманово-Страцин, цел тим од министри и директори дојдоа на увид

Жарко Настоски

Нормализиран сообраќајот на автопатот Миладиновци – Штип

Ана Ололовска

Прекин на сообраќајот на автопат Миладиновци – Штип поради штрајк кај клучката Три Чешми

Ана Ололовска

Непречен сообраќај по суви коловози

Ана Ололовска

Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози

Ана Ололовска