Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено со умерен интензитет по на места влажни коловози.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Компанијата СТРАБАГ АГ со своите подизведувачи утре ќе врши минирање на патниот правец Радовиш – Штип околу место викано Пилав Тепе во период од 11:00 до 15:00.
На државните патишта во тек е времениот режим на сообраќај во летниот период со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот – во сабота од 09:00 до 18:00 часот и во недела од 09:00 до 22:00 часот и за денови при екстремно високи температури.
Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе,хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.