Сообраќајот со зголемен интезитет надвор од градските средини

Од:

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви и чисти коловози.

Сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е со зголемен интензитет поради празничните денови.

На граничните премини можни се подолготрајни задржувања од вообичаеното време за влез и за излез од државата.

Сообраќајот на патниот правец Гостивар – Кичево преку мостот на 1,5 км пред Стража е нормализиран и е прооден за сите видови на возила. Патниот правец Р-504 Ресен-Охрид преку националниот парк Галичица е прооден за сообраќај.

На патниот правец Гостивар-Маврово во близина на Ново Село, поради реконструкција на мост сообраќајот се одвива регулирано со семафори и наизменично по една коловозна лента.

Според известување добиено од инженеринг компанијата Геинг, за потребите за изработка на проектна документација за реконструкција и рехабилитација на патниот правец А3/Р1-312, делница Велес-Кадрифаково како експресен пат, се извршуваат активности на патот кои се поделени во две фази. Првата фаза започна на 27.03.2013 година, при што се врши геодетско снимање и се поставени 2 табли за известување за работа на пат, од кои едната е поставена на клучката кај Велес, а другата на клучката кај Кадрифаково.

Патниот правец Р-103 Неготино-Радовиш односно Неготино – Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот бр.9 преку реката Вардар, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште и тоа само за лесни возила.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска