Сообраќајот се одвива по суви коловози

Од:

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација, како што велат од Автомотосојузот на Македонија се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Од ЈП Македонија пат препорачуваат внимателно управување и почитување на поставената сигнализација на патниот правец Гостивар-Кичево, каде почнувајќи од 9-ти овој месец па во наредните неколку денови, ќе се изведуваат градежни работи (санирање на ударни дупки).

Градежното Друштво “Гранит” АД Скопје (Р.Е. Свети Николе – Штип) известува дека ќе изведува градежни работи на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до 47+107,00 км. Градежните активности започнаа на 21.05.2015 година. Се планира целосното затворање до целосно завршување на активностите (период од 2 години) на делницата, на потег км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково), со пренасочување на сообраќајот преку регионалниот пат П 1204.

АД Бетон на 16.04.2015 започна со изведување на градежни работи за санација на свлечиште Маврово, кај делницата од брана Маврово до с.Маврово. Патниот правец ќе биде затворен за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси во период од два месеца. Сообраќајот за патничките возила се одвива според времен режим, а за тешките товарни возила и автобуси може да се одвива преку с.Леуново.

Поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово и од с.Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска