Сообраќајот во Македонија се одвива отежнато во зимски услови. На патиштата има забрани само за тешки товарни возила, а скопскиот аеродром „Александар Велики“ функцонира нормално.
Авто мото сојузот на Македонија утринава информира дека на коловозите има остатоци од снег, а врнежи од слаб снег има во поголемиот дел од земјата, освен на Стража каде тие се со посилен интензитет. Поради ниските температури во ноќните часови е забележана појава на голомразица.
Забрани за тешки товарни возила има на патните правци Гостивар-крак Маврово-Дебар, Тетово-Попова Шапка, Тетово-граничен премин Јажинце, Дебар-Струга, Струга-граничен премин Ќафасан, како и на планинските премини Стража, Пресека, Буково и Ѓавато.
Автобускиот и железничкиот сообраќај исто така се одвиваат во зимски услови, но без застои. На автобуската станица во Скопје засега поредовно пристигнуваат и тргнуваат автобусите.