А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози

by А1он24/05/2013 - 08:29154
Share0

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Добивај вести на вибер

На патниот правец Гостивар – Маврово во близина на Ново Село, поради реконструкција на мост, сообраќајот се одвива регулирано со семафори и наизменично по една коловозна лента. На патниот правец Демир Капија – Удово, кај тунелите на Демир Капија, се изведуваат градежни работи на пат. За тоа има поставено светлосна сообраќајна сигнализација (семафори) која го регулира сообраќајот. На патниот правец Прилеп – Градско (Р106), 1 км пред тунел Фариш, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента во должина од 200 метри. Поставена е соодветна светлосна сигнализација за регулирање на сообраќајот.

Патниот правец Р-103 Неготино – Радовиш односно Неготино – Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот бр.9 преку реката Вардар, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште и тоа само за лесни возила.

Поради оштетување на коловозот на патен правец Р-409 Маврово – Дебар во близина на Бошков мост сообраќајот се одвива во две ленти преку бајпас (додека траат санациите на оштетената коловозна лента).

На патниот правец А3/Р1-312, делница Велес – Кадрифаково се врши геодетско снимање на патот. Според известувањето од АКТОР АДТ-Скопје НАЈАВУВАМЕ: Периодично затворање на сообраќајот на магистралниот пат Е-75 во постоечкиот тунел во Демир Капија, за време на градежните работи за инсталирање на систем за заштита од одрони. Градежните работи се предвидени да се спроведат во периодот од 28.05.2013 (вторник) до 31.05.2013 (петок) во 4 секвенци со траење од 1 час. Секвенците кога сообраќајот ќе биде затворен за сообраќај се: од 9:30 – 10:30; 11:30 – 12:30; 13:30 – 14:30 и од 15:30 – 16:30 часот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

patista

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Горан Наумовски01/06/2025 - 09:00

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

Горан Наумовски14/01/2024 - 08:29

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on18/10/2023 - 12:00

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска16/06/2023 - 21:55

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска16/06/2023 - 21:46

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот

Ана Ололовска16/06/2023 - 15:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен