Сообраќајот се одвива непречено

Од:

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, пo наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини  нема подолги задржувања за влез и за излез од Македонија, со напомена дека оваа информација се однесува само за македонскиот дел од премините.

АМСМ препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има можност за појава на помали одрони кои може да го попречат движењето на возачите.

Повнимателно управување со возилата е потребно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес, каде се одвиваат работи за реконструкција на патот за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози