Сообраќајот се одвива без забрани и застои

Од:

Сообраќајот на сите патишта се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози, информира Авто-мото сојузот на Македонија.

Слаб снег провејува во Крива Паланка, Страцин, Куманово, Попова Шапка, Гостивар, Стража, Маврово, Крушево, Кичево, Буково, Ѓавато, Павлешенци, Кочани, Делчево, Смојмирово и Струмица.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Од АМСМ потсетуваат дека од 15 ноември на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, која ќе трае до 15 март годинава.

Би можело да ве интересира

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on