Сообраќајот по влажни коловози, на места појава на магла

Од:

Сообраќајот на сите државни патишта вечерва се одвива тековно по претежно влажни коловози и со појава на магла на некои патни правци, соопшти ЈП Македонијапат.

Појава на магла има на патниот правец Тетово – Попова Шапка (од Лисец до Попова Шапка) каде видливоста е 30 до 50 метри, на патните правци Штип – Радовиш и  Штип – Неготино со видливост од 50 до 100 метри, меѓу Маврови Анови  и крак Маврово од 15 до 20 метри и на планинскиот превој Плетвар видливоста е  40-50 метри.

Во клисурите и усеците е можна појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија – Удово и Катланово – Велес.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози