Сообраќајот по влажни коловози

Од:

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани и застои, по влажни коловози со наместа остатоци од кашест снег по интервенција на ЈП Македонија пат. Снег провејува на Деве Баир, Плетвар, Кула, Крива Паланка, Страцин и Павлешенци, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

Би можело да ве интересира

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on