Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
ДГ Бетон АД Скопје известува дека почнувајќи од 27.02.2017 година, поради градежни работи на магистралниот пат А2, делница Гостивар – Кичево по раскрсница Маврово на патот кон Кичево, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента (од км 98+100 до 98+900, односно околу 800м), согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај. Поставена е сообраќајна сигнализација.
Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента, поставена e соодветна сигнализација.
Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сообраќајот се уште се пренасочува преку градот Битола.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Времето на чекање на патнички возила за излез од Република Македонија на граничните премини Богородица, Дојран, Меџитлија, Табановце, Ќафасан, Делчево, Ново Село и Блаце е минимално, додека на Деве Баир се чека 30 минути. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.