Сообраќајот нормализиран за сите видови возила, магла на Плетвар и патот Прилеп-Крушево

Од:

Сообраќајот низ целата држава е нормализиран за сите видови возила и без забрани. На сите магистрални и регионални патни правци низ државата сообраќајот се одвива забавено, во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Според ЈП „Македонија пат“, појава на магла со намалена видливост од 50 до 100 метри има на патните правци Прилеп-Крушево и на планинскиот превој Плетвар.

По клисурите и усеците можна е зачестена појава на поситни одрони, посебно на правците Кочани-Делчево, Виница-Берово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово и Катланово-Велес. Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се на терен, редовно ги контролират и одржуваат проодни  сите патни правци.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот

Ана Ололовска