Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ Македонија се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег.
Слаб снег паѓа на Маврово, но не се задржува на коловоз и не претставува пречка за одвивање на сообраќај. Појава на магла има кај Павлешенци (Куманово – Св. Николе), каде видливоста е од 50 – 100 метри.
На патниот правец Демир Капија – Удово, кај тунелите на Демир Капија, се изведуваат градежни работи на пат. За тоа има поставено соодветна светлечка сообраќајна сигнализација (семафори) која го регулира сообраќајот. Можни се повремени кратки застои во одвивањето на сообраќајот на тој дел од патот.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.