Утринава сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани, по суви и чисти коловози. Наместа влажни коловози има на повисоките планински и осојничави места, како и низ клисурите.
Препорачуваме поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. На делниците низ клисурите и на повеќето мостови долж речните текови има појава на утринска магла и се препорачува прилагодена брзина на движење.
Повнимателно управување со возилата е потребно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес, каде се одвиваат работи за реконструкција на патот за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од Македонија.