А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Сообраќајот низ државата се одвива непречено

by А1он15/09/2013 - 09:12204
Share0

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Добивај вести на вибер

Од 11.09.2013 година започнуваат градежни работи на пат, пл.пр. Плетвар, патен правец Градско-Прилеп од 41 до 43 км.

Сообраќајот ќе се одвива по две коловозни ленти со поставена соодветна вертикална сигнализација. Работите ќе се изведуваат во временски период од 07.00 до 17.00 часот и се очекува да завршат до средина на следната недела.

На патниот правец А2 Гостивар-Кичево, во должина од 1 до 1,5 км во правец од планинскиот превој Стража кон Кичево се изведуваат асфалтерски работи. Извршувањето на работите нема да има влијание при движењето на возилата и истите ќе се изведуваат во работните денови најчесто од 08:00-15:00 или 16:00 часот.

Режимите за сообраќај на тешките товарни возила на државните патишта во РМ се завршени. На патниот правец Маврово – Дебар (Р409) кај Бошков мост сообраќајот е нормализиран.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Блокадата на граничните премини Блаце и Јажинце е завршена и сега овие два гранични премини се отворени за сообраќај за сите видови на возила. На останатите гранични премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

patista

Би можело да ве интересира

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски01/09/2025 - 14:57

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Предраг Петровиќ31/08/2025 - 12:14

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Горан Наумовски01/06/2025 - 09:00

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

Горан Наумовски14/01/2024 - 08:29

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on18/10/2023 - 12:00

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска16/06/2023 - 21:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен