Сообраќајот низ државата се одвива непречено по влажни коловози

Од:

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Поради ниските температури можна е појава на голомразица (по осојничави места, мостови, клисури, засеци).

Слаби врнежи од снег има на Попова Шапка, но поради слабиот интензитет не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Појава на магла има во Тетово каде видливоста е до 150 метри.

АМСМ препорачуваме поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, каде има почеста појава на одрони кои можат да го попречат движењето на возачите.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ ги потсетува сите возачи дека од 15.11.2012 година стапи на сила законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска трае до 15.03.2013.

АМСМ УСЛУГИ – Служба за помош и информации на пат (02) 15 555.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

Орце Костов

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот

Ана Ололовска